Фирмата ТЕХНО ХЕМ доо е оформена во 2002 година од страна на сопствениците на фирмите CHEMICAL TRADING LTD од Солун (основана 1988) и КГВ доо од Скопје (основана 1991), како резултат на долгогодишната успешна деловна соработка, која пак датира од 1997 година.

На нашиот пазар работи како ќерка фирма на фирмата VELLIS CHEMICALS од Солун, Грција.


Седиштето на фирмата се наоѓа во прекрасното село Орешани, на само 7 км. од Скопје. Располага со сопствен деловен простор од 450 м2, од кои 70 м2 се канцаларии, лабораторија и пропратни простории; 220 м2 магацински простор а останатиот дел се користи како производен дел. Располагаме со сопствено транспортно средство, за дистрибуција на производите до нашите купувачи. На располагање во матичната фирма во Солун имаме современо опремена лабораторија за испитување на квалитетот  на сировините кои ги нудиме на нашиот пазар. Исто така постои можност за контрола на готовите производи на сите наши купувачи на сировини кои сакаат да го испитаат квалитетот на своите крајни производи (бои и лакови). Нашата матична фирма VELLIS CHEMICALS се нуди на располагање со својот голем капацитет на познавање на проблематиката за производство на бои и лакови, се со цел унапредување на производството на потенцијалните клиенти или решавање на било какви проблеми во нивното производство.

Дејностите на фирмата се трговија со репроматеријали за производство на бои, лакови и цементна галантерија. Нашата цел е долгогодишна соработка со нашите ценети клиенти низ продажба на производи и услуги со највисок квалитет, што впрочем и го докажуваме низ сте овие долги години постоење на нашиов пазар.